Измени на закон за царинско работење

Bez autora
Feb 09 2011

Со измените на законот за царинско работење нема да им се влоши, туку напротив ќе им се подобри состојбата на фирмите. Mинатонеделното барање на стопанствениците да се одложи воведувањето на регулативата, која предвидува 100 процентна банкарска гаранција за царинска постапка. Директорот на царината вели дека со законските измени на фирмите им се дава поголема флексибилност, а не ограничувања како што предупредуваа бизнисмените од стопанската комора. Во делот на пуштање на стоки во слободен промет и денеска е 100 посто банкарска гаранција, тоа значи да ја пуштам стоката во промет и да ја платам царината и другите давачки после еден месец.

Измени на закон за царинско работењеСо измените на законот за царинско работење нема да им се влоши, туку напротив ќе им се подобри состојбата на фирмите, тврди првиот цариник Каргов, одговарајќи на минатонеделното барање на стопанствениците да се одложи воведувањето на регулативата, која предвидува 100 процентна банкарска гаранција за царинска постапка.

Директорот на царината вели дека со законските измени на фирмите им се дава поголема флексибилност, а не ограничувања како што предупредуваа бизнисмените од стопанската комора.

„Во делот на пуштање на стоки во слободен промет и денеска е 100 посто банкарска гаранција, тоа значи да ја пуштам стоката во промет и да ја платам царината и другите давачки после еден месец. Меѓутоа со измените се овозможува флексибилност во однос на рокот, да не биде само 30 дена, туку да биде и недела дена, две недели и можност да се плати со одложено плаќање и не веднаш после истекот на рокот. Значи им дава флексибилност и за царинење и за плаќањето“, рече Ванчо Каргов, директор на царинска управа.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik